Екипата на Атлетик, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига се засили со три нови ракометарки.
Станува збор за ракометарките Ангела Шехтанска, Катерина Ивановиќ и Бојана Радевска кои ќе го носат дресот на Атлетик во новата сезона.
Ангела Шехтанска настапува на позицијата среден бек и доаѓа од редовите на Куманово, Катерина Ивановиќ настапува на голманската позиција и доаѓа од редовите на Горажде, а Бојана Радевска настапува на позицијата десно крило и доаѓа од екипата на Самадреџа.

(фото – ЖРК Атлетик)📷








