Екипата на Еурофарм Пелистер 2, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Битолчанецот Андреј Георгиев од наредната сезона (3 години) ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер 2.
Кадетскиот репрезентативец кој оваа година доминираше на позицијата десно крило и скоро на секој натпревар кој го одигра беше најдобар стрелец.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








