Анжела Платон е нов тренер на стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар

Екипата на Вардар за нов шеф на стручниот штаб на сениорската екипа ја назначи Анжела Платон.

Познато име на ракометната јавност, поранешна репрезентативка на Македонија, која беше дел од златната генерација на Кометал Ѓорче Петров, клуб со кој во 2002 година стана и Европски шампион.

Долги години е дел од Вардар, каде работеше со младинските екипи на клубот во создавање на млади талентирани ракометарки.

На почетокот на новата сезона беше вклучена во стручниот штаб на првиот тим, како помошник тренер на Александар Царчев, а од пролетниот дел Платон ќе биде прв тренер, а ќе остане и како предводник на младинската екипа.

Александар Царчев ќе продолжи да работи во Вардар, како тренер на голманите, во сите четири категории: пионерска, кадетска, младинска и сениорска конкуренција.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести