Репрезентативецот на Исланд, Арон Палмарсон, од следното лето ќе има нов клуб во својата кариера.
Тој потпиша договор со Хафнарфјордур од Исланд. Палмарсон на ваков потег се реши поради семејни причини, и затоа го напушта тимот на Алборг.
Бекот освен за Алборг, настапуваше и за екипите на Барселона, Кил и Веспрем, а настапува и за репрезентацијата на Исланд.


(фото – Рк Хафнарфјордур)📷