Астибо го совлада Кузман Вардар во плеј-аутот

Ракометарките на Астибо забележаа победа на гостувањето кај Кузман Вардар со конечни 31-24 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Екипата на Астибо добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше предност од 15-12. Во вториот дел продолжи добрата игра на Астибо за на крај да слави победа против Кузман Вардар Илинден.

Најефикасна во екипата на Астибо беше Марија Анчева со 12 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар Илинден најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со девет погодоци.

(фото-ЖРК Астибо)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.