Ацо Николовски и Марјан Начевски делегати на натпревари од квалификациите за ЕП 2028 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за натпреварите од стартот на квалификациите за ЕП 2028.

Ацо Николовски беше делегат на натпреварот меѓу селекциите на Србија и Естонија кој се одигра на 5 ноември, а делегиран е и на натпреварот меѓу селекциите на Косово и Унгарија кој ќе се одигра на 8 ноември.

Делегатот Марјан Начевски е делегиран на натпреварот меѓу селекциите на Турција и Норвешка кој ќе се одигра на 8 ноември.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *