Екипата на Охрид викендов ја очекува нов натпревар во Супер лигата, а тоа е натпреварот на гости против Куманово.
За овој натпревар со своја изјава се истакна и ракометарот на Охрид, Балша Чејовиќ.
“Претстојниот викенд гостуваме во Куманово на МРК Куманово. Мораме да влеземе во натпреварот сериозно и максимално фокусирано во секој момент. Работиме добро и се подготвуваме, ќе дадеме се од себе резултатот да биде задоволувачки”, – изјави Балша Чејовиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








