Бешикташ е шампион на Турција во машка конкуренција

Екипата на Бешикташ е нов шампион на Турција во машка конкуренција, откако во дерби натпреварот против Бејкоз оствари победа со 31-28 во натпревар од 23. коло.

На три кола до крајот Бешикташ има 36 бода и има подобар меѓусебен скор од второпласираната Бејкоз и третопласираната Спор Тото кои имаат 31 бод на табелата.

Оваа е 16 титула за екипата на Бешикташ во првенството во Турција.

(фото-Рк Бешикташ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.