Бисинов Фруит Ленд со три бода се враќа од гостувањето во Богданци

Екипата на Бисинов Фруит Ленд славеше на тешкото гостување кај екипата на Младост Богданци со минимални 31-30 во плеј-офот од Првата лига.

Бисинов Фруит Ленд на полувреме имаше предност од 14-12. Во второто полувреме Младост Богданци се врати, но во финишот победата ја однесе тимот на Бисинов Фруит Ленд.

Најдобар стрелец кај екипата на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со 10 погодоци, додека најдобар стрелец кај Младост Богданци беше Антонио Николоски со 9 погодоци.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести