Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер со конечни 26-19 во полуфиналето од Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Составот на Охрид во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта, па на крај да слави победа против Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Дарко Ѓукиќ и Томислав Јагуриновски со по пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Филип Кузмановски со девет гола.

(фото – ГРК Охрид)📷








