Екипата на Бисинов Фруит Ленд продолжува со победите во плеј-офот од Првата лига, откако го совлада Металург РА со 35-30.
Тимот на Бисинов Фруит Ленд и на полувреме имаше предност од 17-14. Во второто полувреме Бисинов Фруит Ленд продолжи со водството, па на крај да се радува на победа против Металург РА.
Најефикасен во редовите на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со 14 гола, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Филип Петровски со 8 гола.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷