Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Целје во рамки од полуфиналето од Европскиот Куп.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Бојан Блажески, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
“Ни следи полуфиналето со екипата на Целје. Одлична, експлозивна и млада екипа. Немавме многу време да се подготвуваме поради обврските во домашното првенство па затоа оваа недела ќе го анализираме противникот. Ние како и секогаш ќе оставиме срце на терен и ќе се обидеме од Словенија да се вратиме со што подобар резултат пред вториот натпревар”, – изјави ракометарот на Охрид, Бојан Блажески.

(фото – ГРК Охрид)📷








