Екипата на Бутел Скопје минатата сезона остана без својот млад ракометар Марко Божиновски кој имаше 20 години, кој ненадајно почина.
Тимот на Бутел реши да го повлече дресот со број 9 во чест на починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Фотографијата со дресот закачен во салата ја објави тренерот на Бутел Скопје Кристијан Грчевски на кој напиша „Засекогаш ќе бидеш во состав“.

(фото-Рк Бутел Скопје)📷