Ракометарите на Бутел Скопје се пласираа во финалето на меморијалниот турнир во Ѓаково, кој се одржува во чест на прерано починатиот екс ракометар – Денис Тот.
Бутелци во полуфиналниот натпревар го совладаа составот на Ѓаково со 32-28, а на полувреме беше 17-17. Противник на Бутел Скопје во финалето ќе биде екипата на Осијек.
Исто така од раководството на Бутел Скопје на братот на Денис Тот му подарија врамен дрес.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷