Тимот на Бутел Скопје ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов.
Стоилов го имаше првиот тренинг со ракометарите, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед.
Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 септември.
Ова лето се клубот се засили со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ.
Нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷












