Шест ракометари од школата на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски, потпишаа професионални договори со тимот на Бутел Скопје на две сезони.
Сите шестмина беа дел од успесите на кадетската и младинската екипа во лигите оваа сезона и ќе го носат дресот на Бутел Скопје и во наредните две сезони.
Дополнително тимот на Бутел Скопје се засили и со младото лево крило од Металург, Дамјан Субашевски, кој исто така се обврза на двегодишна верност.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷