
Дејан Михајловиќ го продолжи договорот со Бутел Скопје
Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата го продолжи договорот со актуелен ракометар.

Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата го продолжи договорот со актуелен ракометар.

Екипата на Бутел Скопје на социјалните мрежи го објави составот на клубот за новата сезона 2025/2026.

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Дејан Михајловиќ стави потпис на нов договор со Бутел Скопје.

Шест ракометари од школата на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски, потпишаа професионални договори со тимот на Бутел Скопје на две сезони.