Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Младост Богданци во 10. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Младост Богданци.
“Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентрирано. Ја имаме фаворитската улога и на домашен терен сакаме да ја оправдаме со добра игра, максимална ангажираност и освојување на нови бодови пред нашата публика”, – изјави ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски.

(фото – ГРК Охрид)📷








