Валентин Карасманакис, Виктор Василевски и Мартин Димовски од Мулти Есенс префрлени во тимот на Алкалоид

По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која Алкалоид го освои првото место во групата А во македонската Супер лига со скор од 14 победи од 14 натпревари и дебитираше во Европската лига, донесени се одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плеј-оф натпреварувањето.

Пикерот Валентин Карасманакис, голманот Виктор Василевски и десното крило Мартин Димовски ќе бидат префрлени од редовите на Мулти Есенс во редовите на Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.