Вардарки на 16 јануари ги палат моторите за продолжението од сезона

Девојките од ЖРК Вардар ги „трошат“ последните денови од зимскиот одмор, предводникот на екипата, Александар Царчев го дефинираше планот за подготовки во продолжението од сезоната 2022/2023 година.

Првата недела ќе се работи на кондициони подготовки со Борис Данески, ќе работи со девојките на отворено на тартан патеката во Градски Парк.

Една недела потоа се враќаат во сала каде со Александар Царчев во „Круме Кепески“ ќе се реализира втората фаза од подготовките за пролетниот дел.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.