Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Пелистер со убедливи 37-15 во полуфиналето од Ф4 турнирот од Купот на Македонија.
Составот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 19-5.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Стефанија Ѓорѓиевска со девет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Невена Бундоска со пет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








