Ракометарките на Вардар ја совладаа екипата на Гевгелија за 4 од 4, со резултат 33-24 во Супер лигата.
Вардар диктираше темпо на натпреварот, па на пауза замина со 17-14. Во второто полувреме Гевгелија немаше сила да се врати, а Вардар ја одржуваше предноста до крај.
Најефикасна во екипата на Вардар беше Ивона Трпевска со осум гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Ленче Илкова со седум гола.
(фото-Вардарфанс)📷