Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Валур со резултат 33-26 во 1. коло од групната фаза од Лигата на Европа.
Ракометарите на Вардар од почетокот на натпреварот го имаа водството, на полувреме резултатот беше 19-11.
Во второто полувреме вардарци продолжија со водството, па на крај да се радуваат на победа против Валур.
Најефикасни во тимот на Вардар беа Вуко Борозан и Марко Срдановиќ со по шест погодоци.
(фото – Рк Вардар 1961)📷