Екипата на Вардар загуби на гостувањето кај составот на ППД Загреб (22-23) во натпревар од Лигата на шампионите.
Во текот на целиот натпревар се играше рамноправно и гол за гол. Загреб го доби полувремето со 14-12. Во вториот дел натпреварот беше неизвесен, исто така двете екипи се бореа гол за гол, но на крај Загреб успеа да го совлада со минимална разлика составот на Вардар.
Најефикасен во ППД Загреб беше Иван Чупиќ со пет погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасен беше Жереми Тото со четири погодоци.
ППД Загреб 23-22 Вардар 1961
(фото-ЕХФ Лига на шампиони)📷