Екипата на Вардар Неготино забележа победа против Прилеп со 30-28 во борбата за опстанок во Супер лигата.
Тимот на Прилеп успеа на пауза да замине со предност од 14-12. Во второто полувреме Вардар Неготино со добра одбрана успеа да се врати, па на крај да триумфира против Прилеп.
Најефикасен во редовите на Вардар Неготино беше Лазар Адамовиќ со девет гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Симон Мирчески со осум гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷