Ракометарите на Вардар Неготино забележаа висока победа против ракометарите на Партизан Гевгелија со високи 48-24 во Првата лига.
Составот на Вардар Неготино победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 25-11.
Најефикасни во редовите на Вардар Неготино беа Наќе Ѓорѓев и Костадин Петров со по девет гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со шест гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷








