Екипата на Вардар Неготино забележа висока и убедлива победа против екипата на Шампион со конечни 42-12 во Првата лига.
Составот на Вардар Неготино победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 20-7.
Најефикасен во редовите на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Орешков со осум гола, додека кај Шампион најефикасни беа Давид Јовчевски и Андреј Лефтеров со по три гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷








