Екипата на Вардар загуби на гостувањето кај екипата на Нексе со 28-25 во натпревар од Сеха лигата.
Од почетокот на натпреварот Нексе беше во водство, и на полувреме замина со предност од 15-12. Во вториот дел од натпреварот Вардар успеваше да се врати, но не доволно за на крај да забележи пораз од Нексе.
Најефикасен во составот на Нексе беше Халил Јагањац со седум погодоци, додека кај екипата на Вардар 1961 најефикасен беше Куни Моралес исто така со седум погодоци.
(фото-Сеха Лига)📷