Полека во сите линии на Вардар се назираат контурите за идната сезона. Раководството успеа да ги задржи девојките на голманската, пикерската и крилната позиција. Исто така и на надворешната, бековска линија има голем број на потврдени девојки, речиси сите кои имаа улога во тимот.
Во црвено-црната екипа остануваат: Нина Милевска млад и перспективен бек. Искусната Јасмина Попова која минатата сезона се врати во црвено-црните редови. Потоа младата и талентирана Тодоровска Дона, капитенот и МВП на шампионскиот кадетски состав Ристовска Мила.
Како и девојките кои минатата сезона дојдоа во црвено-црниот табор, преземаа товар и остануваат од есен во вардаровиот колектив, искусните Неделковска Нина, Голабоска Марија и Балоска Елена.

(фото – ЖРК Вардар)📷