Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со високи 34-24 во Супер лигата.
Тимот на Вардар и на полувреме имаше водство од 14-11, па така и во второто полувреме продолжи со водството за на крај го совлада Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Марио Стојановски и Марек Марчинијак со по шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Бојан Гичев со пет гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








