Ракометарите на Вардар 1961 забележаа висока победа против Војводина со резултат 38-25 во првиот четвртфинален натпревар во СЕХА лигата.
Екипата на Вардар 1961 од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на пауза замина со предност од 22-11. Во второто полувреме Вардар 1961 продолжи да го полни голот на Војводина, па на крај да слави висока победа.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Јан Чувара со десет гола, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Симо Шијан исто така со десет гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷