Ракометарите на Вардар 1961 остварија победа на гостувањето кај екипата на Охрид со конечен резултат 26-23 во плеј-офот во Супер лигата.
Вардар 1961 имаше контрола на резултатот, па на полувреме имаше предност од 15-12. Во второто полувреме Охрид се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Филип Талески со осум погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Каракоч со пет погодоци.
(фото – Рк Вардар 1961)📷