Вардар 1961 го совлада Бутел Скопје во Супер лигата

Екипата на Вардар 1961 го совлада тимот на Бутел Скопје со резултат 30-21 во второто коло од Супер лигата.

Вардар 1961 го презеде водството на полувреме од 16-12. Во второто полувреме тимот на Вардар 1961 продолжи со добрата игра, за на крај да го совлада Бутел Скопје.

Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Јан Чувара со пет погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Андреј Петрушевски исто така со пет погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести