Ракометарите на Вардар 1961 забележаа висока победа против Скопје 2020 со резултат 37-24 и се пласираа на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
На овој натпревар минутажа искористија сите ракометари во тимот на Вардар 1961, каде тимот немаше проблеми околу победата против Скопје 2020.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Јан Чувара со девет голови, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Андреј Митиќ со шест голови.
(фото – Рк Вардар 1961)📷