Екипата на Веспрем го совлада тимот на Татран Прешов со високи 35-25 и се пласира на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Задар.
На полувреме Веспрем имаше предност од 18-15. Во второто полувреме Веспрем ја зголемуваше разликата за убедлива победа против Татран Прешов.
Најефикасен во екипата на Веспрем беше Елисон со седум погодоци, додека кај екипата на Татран Прешов најефикасен беше Антл со девет погодоци.
(фото-Рк Веспрем)📷