Ветераните на Повардарие и ветераните на Македонија ќе одиграат хуманитарен натпревар во Неготино.
Овој натпревар ќе се одигра во салата “Младост”, во петок на 5 април 2024 година со почеток од 18:30 часот. Влезот за овој натпревар е 100 денари.
Целта на овој натпревар е да се соберат средства за продолжување на лекувањето на Јани Иванов од Неготино. Хуманитарниот настан е организиран од навивачката група “Винари” од Неготино.
(фото – Навивачка група “Винари”)📷