Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе судат натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Подравка и Ѓер.

Натпреварот меѓу екипите на Подравка и Ѓер ќе се одигра на 5 септември во Хрватска со почеток од 16:00 часот.

Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу екипите на Крим Меркатор и ЦСМ Букурешт кој се игра исто така на 5 септември со почеток од 16:00 часот во Словенија.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *