Војо Клењоски потпиша четиригодишен договор со Струга

Екипата на Струга, која е расадник на млади ракометари го продолжи договорот со младиот Војо Клењоски.

Ракометарот Војо Клењоски, кој има 15 години потпиша договор со екипата на Струга на четири години.

“РК Струга го зголемува ростерот на професионално ангажирани ракометари. Нашиот ракометар Војо Клењоски кој има 15 години, потпиша 4 годишен договор со Ракометниот Клуб Струга. Како клуб се стремиме во создавање на ракометари кои ќе бидат иднината на македонската ракометна репрезентација”, – објавија од Рк Струга.

(фото – Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *