Ракометарките на Пелистер триумфираа против Феникс АМС во градското дерби од Суперлигата со убедливи 35-25.
Составот на Пелистер го имаше водството на полувремето 16-15. Во второто полувреме екипата на Пелистер ја запечати победата, Феникс успеваше да возврати но немаше доволно сила и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасна во составот на Пелистер беше Кристина Наумовска со осум погодоци, додека најефикасна во составот на Феникс АМС беше Емилијана Ризоска со 14 погодоци.
ЖРК Пелистер 35-25 ЖРК Феникс АМС
(фото-ЖРК Пелистер)📷