Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона ги стартуваше подготовките со нов изменет лик.
Во тимот на Охрид промовирани беа осум засилувања за новата сезона, а тоа се: Дино Славиќ, Шуичи Јошида, Адама Кеита, Доминик Мате, Никола Зечевиќ, Мартин Ивановски, Филип Талески и Мартин Карапалевски.
Од тимот на Охрид заминаа Кристијан Пилиповиќ, Вуко Борозан, Стефан Петриќ, Џанфранко Прибетиќ, Градимир Чаневски, Ориол Реј Моралес, Дејан Кукуловски, Владимир Бојаниќ, Ловро Јотиќ и Косуке Јасухира.

(фото – ГРК Охрид)📷








