Во продажба се пуштени билетите за претстојниот натпревар против Монпелје во четвртфиналето од Лигата на Европа.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Монпелје ќе се одигра во вторник, на 05.05.2026 година, со почеток од 20:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите ќе се одвива онлајн преку продажната мрежа на www.ticketx.com.mk – https://ticketx.com.mk/events/vardar-montpellier како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Билетите се по цена од 300, 400 и 500 денари во зависност од местата на седење во салата “Јане Сандански”.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








