Екипата на Охрид на социјалните мрежи објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со Слога Добој во 3. коло од Европскиот Куп.
Билетите за натпреварот меѓу екипите на Охрид и Слога Добој ќе чинат 250 денари и ќе можат да се купат на билетарницата во салата.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Слога Добој ќе се одигра на 16 ноември со почеток од 18:00 часот во салата “Билјанини Извори”, во Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷








