Гиљермо Милано останува тренер на Вардар

Тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе седи на клупата на Вардар и ќе го предводи тимот. Клубот и Аргентинецот се договорија на нова соработка која треба да донесе и нови радости за најтројениот македонски клуб.

Милано дојде во Вардар во ноември 2024 година и оттогаш има биланс од 18 победи, два натпревари завршија со реми двата на гостински терен и само еден пораз, и тоа во 2024 година. Меѓу другото го победи Мелсунген во Скопје во Лига на Европа, и триумфираше во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Клубот има шанси да ја освои двојната круна во Македонија. Викендов игра во полуфиналето на Ф4 турнирот во Охрид, а во првенството е на чекор до враќање на титулата.

Треба да игра натпревар со Тиквеш во гости, а потоа во последното коло пред домашна публика со Еурофарм Пелистер ќе се решава за шампионската титула.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *