ГОГ Гудме го освои Купот на Данска, откако го совлада Алборг

Екипата на ГОГ Гудме го освои Купот на Данска, откако во финалето го совлада тимот на Алборг со 32-25.

Тимот на ГОГ Гудме и на пауза имаше предност од 13-10. За екипата на ГОГ Гудме ова е 12. трофеј во Купот на Данска.

Во натпреварот за бронзата екипата на Силкеборг триумфираше против Фредериција со 32-31.

(фото – Рк ГОГ Гудме)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.