Пред последниот натпревар од плејофот на првата македонска ракометна лига, капитенот на Голден Арт, Глигор Гајиќ и Давид Даев, со скромни подароци од името на клубот им се заблагодарија на Виктор Василевски и Никола Димитров за нивниот придонес во развојот на Голден Арт.
Василевски изминатите две години беше дел од тимот и учествуваше во пласманот на клубот во суперлигата, а од следната сезона ќе настапува во ГРК Охрид, додека Димитров е дел од тимот од јуни 2021 и од следната година ќе настапува во Германија.
“Ви благодариме Вико и Тајсон. Пред последниот натпревар од плејофот на првата македонска ракометна лига, капитенот на Голден Арт, Глигор Гајиќ и еден од нашите стандардни првотимци, Давид Даев, со скромни подароци од името на клубот им се заблагодарија на Виктор Василевски и Никола Димитров за нивниот придонес во развојот на нашиот клуб. Василевски изминатите две години беше дел од тимот и учествуваше во пласманот на клубот во суперлигата, а од следната сезона ќе настапува во ГРК Охрид, додека Димитров е дел од тимот од јуни 2021 и од следната година ќе настапува во Германија. На двајцата им се заблагодаруваме и им посакуваме многу здравје и успех во понатамошните кариери”, – изјавија од Голден Арт.



(фото – Рк Голден Арт)📷