Екипата на Голден Арт 2 оствари висока победа против тимот на Борец со конечни 53-9 во Првата лига.
Победата на Голден Арт 2 беше обезбедена уште во првото полувреме, кога екипата на полувреме имаше високо водство од 22-4.
Најефикасен во тимот на Голден Арт 2 беше Марко Пасковски со 14 гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Леон Ристов со 4 гола.
(фото – Рк Голден Арт 2)📷