Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Вардар во 21. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Вардар.
“Во сабота ни гостува екипата на Вардар, екипа која цели високо и секогаш се бори за титула. Наша задача е добро да се подготвиме за овој натпревар, сакаме да одиграме максимално и квалитетно пред нашата публика и да биде еден празник за ракометот во Охрид. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да ни бидат ветар во грб за што подобар резултат”, – изјави ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески.

(фото – ГРК Охрид)📷