Тинекс Пролет го реши голманското прашање за новата натпреварувачка сезона потпишувајќи договор со Данило Михаљевиќ.
Овој 25-годишен чувар на мрежата доаѓа од Црна Гора и има зад своето име настапи за сите младински селекции, како и за А-репрезентацијата на својата татковина.
Михаљевиќ ги мина изминатите денови во Скопје, по што го стави својот потпис на едногодишниот договор со Тинекс Пролет, со можност за дополнително продолжување на соработката.
Михаљевиќ има настапувано за неколку црногорски екипи, но исто така и во неколку клубови во странство, како Пореч од Хрватска, Железничар Ниш од Србија, Сетубал од Португалија и Пјотрковјанин Трибулански од Полска.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷