Дарко Георгиевски потпиша за Струга

Екипата на Струга, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Дарко Георгиевски, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Струга.

Ракометарот Дарко Георгиевски игра на бековските позиции, а последно настапуваше за екипата на Верија од Грција.

Георгиевски има настапувано и за екипите на Вардар, Охрид, Куманово, Пелистер, Слобода Тузла, Белфор, ПАОК…

(фото – 24Ракомет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *