Дејан Манасков го засили тимот на Вардар 1961

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно ќе го облечи „црвено-црниот“ дрес.

Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава.

Манасков во Скопје доаѓа по неколкуте сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.